Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ИЗВРШИЈА НАПАД НА 4.000 КИЛОМЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТ: Се појави снимка од запалениот воз во Бурјатија

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ИЗВРШИЈА НАПАД НА 4.000 КИЛОМЕТРИ  ОДДАЛЕЧЕНОСТ: Се појави снимка од  запалениот воз во Бурјатија

Украинци дигнале во воздух воз во најдолгиот тунел во Русија, односно во Бурјатија. 

Тунелот на делницата Бајкал-Амур, долг 15,3 километри, е најдолгиот во Русија, не сметајќи ги тунелите на градското метро. Жртви немало во нападот. 

Истражителите заклучиле дека возот што вчера се запалил во најдолгиот тунел во Русија е кренат во воздух од неидентификувани лица во „терористички чин“, објави денеска весникот Комерсант.

Украински извор за Ројтерс вчера изјави дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) активирала експлозив во железнички тунел во Сибир затоа што Русија ја користи рутата за воени снабдувања.

Ова е напад длабоко на територија на Русија. Нападпе е на повеќе од 4.000 километри од Украина и тоа ја илустрира подготвеноста на Киев да саботира длабоко во Русија. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 


Слично

Поврзани вести