Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинците го погодија седиштето на руската Црноморска флота на Крим, Русија објави дека еден војник загина, па се коригираше

(ВИДЕО) Украинците го погодија седиштето на руската Црноморска флота на Крим, Русија објави дека еден војник загина, па се коригираше

Oдекна силна експлозија на Крим, каде украинските сили го погодија седиштето на руската Црноморска флота.

Севастопол е честа мета на украинските воени дронови и крстосувачки проектили.  Локалниот гувернер Михаил Развожаев на Телеграм напиша дека најмалку еден украински проектил го погодил седиштето руската Црноморска флота во Севастопол, што предизвикало пожар. Развожаев рече дека населението треба да го избегнува центарот на градот каде што се наоѓа зградата на морнарицата. Пожарникарите се на лице место, а некои улици се затворени. Властите објавија дека противвоздушната одбрана соборила друг проектил во близина на градот Бахчисарај. Шефот на кримската влада Сергеј Аксјонов изјави дека „крстосувачки ракети“ се соборени над полуостровот. Руското Министерство за одбрана објави дека еден припадник на вооружените сили е убиен во нападот на седиштето на руската Црноморска флота на Крим. Но, потоа повторно се јави руското министерство за одбрана со извештај дека војникот исчезнал и дека не е мртов. Украина често го напаѓа Крим, но и со дронови врши напади на руска територија. 

foto EPA


Слично

Поврзани вести