Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Москва најавува „целосен одговор“ по експлозијата во Грозни сити. 

„Нападот со украински беспилотни летала врз деловниот комплекс Грозни Сити во Чеченија повторно го отвори прашањето за тактиката на украинските сили и природата на целите што ги напаѓаат“, изјави Андреј Колесник, член на Комитетот за одбрана на Државната дума. 

Во изјава за руските медиуми, тој рече дека „одговорот ќе биде целосен“ и дека Украина ќе сноси директни последици за својата воена инфраструктура за овој напад.

Според досегашните информации, во 7 часот наутро (локално време) на 5 декември, беспилотно летало удрило во една од зградите во комплексот Грозни Сити. Фотографиите и видео снимките од местото на настанот покажуваат дека неколку ката се уништени, а во кулата избувнал пожар.

Нападот е извршен кога веќе се одвивала голема операција на воздушна одбрана низ цела Русија.

Колесник оцени дека овој настан претставува продолжение на украинската стратегија за напаѓање цивилни објекти со цел да се провоцира Русија.

Тој предупреди дека украинската инфраструктура ќе ги почувствува последиците.

фото принтскрин X


Слично

Поврзани вести