(ВИДЕО) Украинци евакуирани од Вухан дома пречекани со камења
Украинските граѓани евакуирани од кинескиот град Вухан како резултат на појава на коронавирус пристигнале во градот Нови Санжариј, во регионот Полтава. Мештаните користеле камења за да ги погодат автобусите и да ги спречат да дојдат во медицинскиот центар на контрола.
Евакуираните украински државјани ќе бидат сместени во украинскиот медицински центар за национална гарда во Нови Санжариј.
Мештаните ги блокираа патиштата во знак на протест поради пристигнувањето на евакуираните украински граѓани од Вухан. Додека минувале автобуси со евакуирани Украинци од Вухан, полицијата ги туркала демонстрантите од патот кои пак се обидувале да го сопрат нивното транспортирање.
Во обид да ги спречат автобусите да стигнат до медицинскиот центар, собраните граѓани започнале со фрлање на камења преку полициските кордони кон возилата.
Седум автобуси успеале да стигнат до медицинскиот центар. Во нив имало 45 украински државјани и 27 странски државјани. Сите биле евакуирани од Кина со авион што слетал на аеродромот во Харков.
Евакуираните ќе бидат ставени во карантин четиринаесет дена.
