(ВИДЕО) УКРАИНА ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ: Има жртви во Белгород
По рускиот напад на Харков вчера, Украина утрово го нападна Белгород каде има жртви.
Пет луѓе загинаа. Една жена и четворица мажи загинале на лице место, од удар на граната. Се појавија снимки од нападот. На една од снимките е прикажан центарот на Белгород. Нормалниот сообраќај и животот трае до моментот кога ќе започне гранатирањето: снемува струја, одекнуваат експлозии, а луѓето бегаат.
„Резултатот од гранатирањето на Белгород се пет мртви цивили, 46 ранети. Сега 37 лица се во болници, од кои седум се деца, а едно дете е во тешка состојба“, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.
Вчера во Харков, загинаа пет луѓе, а има и многу повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати критики до Западот и рече дека да можеа да го гаѓаат руските воени авиони, ова немаше да се случи. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
— Pluton (@Pluton45873221) August 31, 2024
