Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница.

Безбедносната служба на Украина објави снимка за која тврди дека покажува напад врз руската подморница од класата 636.3 „Варшавјанка“ во пристаништето Новоросијск. Наведуваат дека ова е прв напад со подводни дронови „Sub Sea Baby“ и дека подморницата претрпела критична штета и е онеспособена за понатамошна употреба.

Засегнатата подморница, класифицирана од НАТО како класа Кило, е вооружена со четири лансери за крстосувачките ракети Калибр, кои руските сили ги користат за напади на украинска територија.

Вредноста на подморницата од класата „Варшавјанка“ се проценува на околу 400 милиони американски долари. Сепак, поради меѓународните санкции наметнати врз Русија, изградбата на нова таква подморница денес би можела да чини до 500 милиони долари.

Видеото можете да го видите тука.
Слично

Поврзани вести