ВИДЕО Украина со дронови нападна град близу Москва
Градот Зеленоград, во близина на Москва синоќа беше во оган, откако Украина изврши напад со дрон, насочен кон главниот град на Русија, јавија повеќе извори на Телеграм каналите.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, посочи дека најмалку 21 украински дрон биле лансирани кон Москва.Тој додаде дека службите за итни случаи патуваат на местото на соборените дронови, но не кажа за колкава штета станува збор.
Според информациите, пожарот од дронот избувнал на 37 километри северозападно од Москва. На видеата од социјалните мрежи се гледа како горат возила
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат возила како горат во близина на станбена зграда. Нема информации за жртви.
Слично
