(ВИДЕО) УКРАИНА СО ДРОНОВИ ЈА НАПАДНА РУСИЈА: На мета и Москва
Русите тврдат дека Украина лансирала дронови во главниот град Москва, а пристигна и снимка од експлозијата на термоцентралата.
На мета биле и други региони.
„Беспилотно летало кое летало кон Москва е уништено во регионот околу руската престолнина“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брајанск во југозападна Русија.
„Два беспилотни напаѓачки авиони беа исто така соборени над Курската област“, потврди на Телеграм Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на регионот, кој беше делумно окупиран од Украина по инвазијата.
Неколку канали на Телеграм објавија силни експлозии во близина на термоцентралата Конаково лоцирана во Тверската област, а снимките од експлозиите се појавија на X.
Според првичните информации нема повредени. Во моментов нема коментари од Украина.
Завчера Русија го нападна Харков, каде имаше жртви и многу повредени, а утредента Украина го нападна Белгород. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
- Ukrainian drones successfully struck the Konakovo Power Station, a natural gas facility located just outside Moscow, this evening.
The power station is now engulfed in heavy flames. pic.twitter.com/hv2d9lG7hk
