Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА СО ДРОН ГО НАПАДНА БЕЛГОРОД: Повреден е заменик-гувернерот

(ВИДЕО) УКРАИНА СО ДРОН ГО НАПАДНА БЕЛГОРОД: Повреден е заменик-гувернерот

Дрон утрово ја погоди зградата на владата во рускиот регион Белгород, при што се повредени две лица, меѓу кои и заменик-гувернерот Александар Лоренц. Нападот, како што кажа регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, го извршиле украинските вооружени сили.

„Во Белгород, дрон на украинските вооружени сили ја нападна зградата на регионалната влада. Нема жртви. Сите служби за итни случаи работат на местото на настанот“, изјави Гладков во првичниот извештај. 

Еден офицер од Росгвардија претрпел рана од шрапнел во бутот и е хоспитализиран. Заменик-гувернерот Лоренц, кој се наоѓал во близина на зградата во моментот на експлозијата, добил потрес на мозокот и акустична траума.

Во Москва се одржа Парадата на Победата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор повика на единство, жртва и гордост, истовремено бранејќи ја руската инвазија на Украина.

На парадата присуствуваа повеќе од 20 странски лидери, меѓу кои беа кинескиот претседател Си Џинпинг, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Украина претходно кажа дека не ја гарантира безбедноста на присутните лидери. Русија пак се закани до Киев дека ќе го нападнат со орешник ако Москва биде цел на напади. 


Слично

Поврзани вести