Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

Украина се одмазди за масакрот во градот Суми. Украинските власти тврдат дека бригадата што го изврши нападот е уништена. 

Генералштабот на вооружените сили на Украина го потврди уништувањето на 448-та ракетна бригада на руската армија во областа Курск, која изврши ракетен напад врз градот Суми на Цветници, пренесува УНН.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека нападнале голем број објекти во регионот Курск поврзани со воени злосторници кои учествуваа во ракетниот напад врз градот Суми и други воени злосторства на Украина“.

„Секоја руска воена единица, подединица и нивните војници кои гранатираат мирни градови и цивили во Украина ќе бидат идентификувани и сигурно ќе доживеат одмазда. Целните и систематски борбени дејствија против важни воени објекти на руските окупатори ќе продолжат до прекин на вооружената агресија на Руската Федерација врз нашата земја“, велат украинските власти. 

Во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми загинаа 35 луѓе, меѓу кои две деца, а уште 117 беа ранети.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска пристигна во ненајавена посета на Одеса на средба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, јавија светските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да воведе санкции кон Русија по нападот на градот Суми. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години. 


Слично

Поврзани вести