Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украина погоди два руски танкери во Црното Море, ова ја загрижи Турција

(ВИДЕО) Украина погоди два руски танкери во Црното Море, ова ја загрижи Турција

Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, пишува Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.

Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето. Украинските сили објавија снимка од нападите. 

Турција е загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.

„Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ и „Вират“, во Црното Море. Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.

Кечели истакна дека Анкара одржува контакти со релевантните страни за да се спречи ширењето на конфликтот кон Црното Море и да се спречи негативно влијание врз економските интереси на Турција.

Русија и Украина скоро четири години се во војна. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести