Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА НАПАДНА СО РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“: Погоди важна цел во Русија

(ВИДЕО) УКРАИНА НАПАДНА СО РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“: Погоди важна цел во Русија

Украинската армија изврши прв напад со својата нова ракета со долг дострел „Фламинго“, предизвикувајќи експлозии во руското нафтено пристаниште Туапсе, важен извозен центар на Црното Море. Според медиумот The Sun, нападот е снимен во моментот кога огромна експлозија го осветлила пристаништето, а пламенот се издигал десетици метри во воздухот. Експлозивниот бран оштетил неколку објекти долж брегот, а Русија пријавила и прекин на нафтениот транспорт.

Во почетокот се претпоставуваше дека нападот бил изведен со морски дронови, но руски извори објавија дека станува збор за новото оружје на Киев – ракетата „Фламинго“, целосно произведена во Украина.

„Кратерот очигледно го направила многу тешка муниција, а не обичен дрон“, објави руски канал. 

„Фламинго“ има досег до 2.900 километри и бојева глава од над еден тон. 

Ситуацијата на фронтот се влошува. Врховниот командант на украинските вооружени сили, Александар Сирски, предупреди дека Русите напредувале кај Александровка и Гуљајполе и зазеле три населени места.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести