Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ НАПАД НА БЕЛГОРОД: Има најмалку шест жртви, Русија ќе се жали во ОН

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ НАПАД НА БЕЛГОРОД: Има најмалку шест жртви, Русија ќе се жали во ОН

Украина изврши ракетен напад врз Белгород во Русија, каде има најмалку шест жртви, меѓу кои и бебе. Повредените се во болница. 

„Шест лица загинаа, а многу други се повредени во украински ракетен напад врз рускиот пограничен град Белгород“, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков. 

Гладков објасни  дека 17 повредени, меѓу кои и четири деца, се хоспитализирани и дека шестмина од ранетите се во тешка состојба, а уште девет се во умерено тешка состојба. Тој, исто така, истакна дека руското Министерство за здравство испратило медицински лица од други градови во Белгород.

Руското Министерство за одбрана тврди дека соборило повеќе од десетина украински проектили над регионот.

Министерството за одбрана соопшти дека во четвртокот нешто по пладне по локално време, московските сили пресретнале 14 проектили лансирани од ракетен систем со повеќекратно лансирање RM-70 Vampire над регионот Белгород.

Еден од најсмртоносните напади на Белгород беше на крајот на декември, кога загинаа 25 луѓе и ранети се повеќе од 100. 

Русија денешниот напад на украинските сили врз Белгород, ќе им го предочи на релевантните меѓународни организации и Советот за безбедност на ОН. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Слично

Поврзани вести