Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО НАПАДНА ВОРОЊЕЖ: Наредена е евакуација, повредено е дете

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО НАПАДНА ВОРОЊЕЖ: Наредена е евакуација, повредено е дете

Во Воронеж во Русија е прогласена вонредна состојба и е наредена евакуација, откако делови од украински дрон повредија дете. 

Градоначалникот Вадим Кстенин прогласи вонредна состојба по, како што рекоа официјални лица, украински напади со беспилотни летала во кои се оштетени неколку згради и рането едно дете.

„Луѓето од една станбена зграда беа евакуирани во блиското училиште откако остатоците од дрон предизвикаа мал пожар и искршија прозорци на зградата“, напиша Кстенин на Телеграм.

Тој изјави дека од нападите предизвикани се оштетувања и на други згради во градот.

„Во градот е воведена вонредна состојба, која ќе овозможи брзо спроведување на мерките за санирање на штетите“, изјави Кстенин.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило пет беспилотни летала и пресретнало уште три во текот на ноќта над регионот Воронеж, кој граничи со Украина.

Инаку, Украина со дронови редовно ги напаѓа руските погранични региони. Во Белгород имаше и над 20 жртви само во еден напад. На 24 февруари ќе се навршат 2 години од почетокот на руската инвазија на Украина. Лани Русија ја гаѓаше енергетската инфраструктура на Украина. 

фото: принтскрин Твитер


Слично

Поврзани вести