Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

Соборени се 50 украински дронови над Русија, а две лица загинаа во Белгород. 

Информацијата ја потврди руското Министерство за одбрана.  Велат дека 26 беспилотни летала се соборени над Белгородската област, 10 над Брјанската област, осум над Курск, два над Тула и по еден над Смоленск, Рјазан, Калушка и Московската област, пренесува РИА Новости.

Гувернерот на Белгород,  Вјачеслав Гладков потврди дека има две загинати лица. 

Претходно во текот на ноќта, како резултат на експлозија на дрон, енергетската инфраструктура беше оштетена во областа Малојарославец во областа Калуга.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Брнс предупреди дека постои „реален ризик“ Украинците да ја изгубат војната до крајот на 2024 година. 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека војната во Украина може да биде продолжена за уште неколку години.


Слично

Поврзани вести