Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ученик застрела седуммина во училиште во Сиетл, па се самоуби

(ВИДЕО) Ученик застрела седуммина во училиште во Сиетл, па се самоуби
Ученик отворил оган во училишната кафетерија во местото Мерисвил, на 48 километри од Сиетл, САД. Во нападот повредил седум лица, а потоа се самоубил, соопшти полицијата на државата Вашингтон. Портпаролот на локалната полиција Роб Ламуру изјави дека е сигурно оти се работи за само еден напаѓач, кој си го одзел животот, но пред тоа повредил седум лица. Средното училиште Пилчак каде се случил нападот и натаму е опкружено со полицајци и возила на Итна помош. Училиштето се пребарува, просторија по просторија, пред да биде прогласено за безбедно. Во училиштето учат околу 2.500 ученици. На помош на локалната полиција пристигнале и оперативци на ФБИ, кои го испитуваат инцидентот за да ги откријат мотивите. Претходно пукање во некоја образовна институција во овој регион се случило на 5 јуни, кога на Пацифичкиот универзитет во Сиетл вооружен човек уби едно, а повреди две лица. http://www.youtube.com/watch?v=K8TSb56DhUM
Слично

Поврзани вести