Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Убиваат свирепо и без милост: Еве кои се Тахрир ал Шам убијците на рускиот пилот

(ВИДЕО) Убиваат свирепо и без милост: Еве кои се Тахрир ал Шам убијците на рускиот пилот

Терористичката група Тахрир ал Шам која ја презеде одговорноста за соборување на рускиот Сухој 25 на северот од Сирија , спаѓа во најужасните џихадистички организации.

Таа терористичка група била дел од Ал Каеда, но пред година дена се осамостоила.

Нејзиното име во превод значи „Организација за ослободување на Левант“ или „Комитет за ослободување на Левант“. Името потсетува на првичното име на Исламска држава-ИД во Ирак и Левант бидејќи Левант е поширок поим отколку Сирија, што укажува на воените амбиции на џихадистите.

Тахир ал Шам се формирала и издвоила пред само година дена со спојување на повеќе салафистички групации меѓу кои се и Џабхат Фатен ал Шам и Нусра фронт, донеодамнешниот огранок на Ал Каеда во Сирија. Таа во последните неколку месеци станала најсериозна и најсилна терористичка организација која терорира војна во Сирија.


Џихадистите на оваа група се покрволочни и побрутални од припадниците на ИСИС, иако е вистина дека најсуровите џихадисти на ИД им се придружиле. До почетокот на оваа година тие веќе имале повеќе од 32 000 борци.


Нивниот водач се вика Абу Мохамед ал Џулани, кој и го објавил осамостојувањето од Ал Каеда и ги повика своите војници да се борат до победа. Еве ја неговата изјава за Ал Џезеира која го третирала како било која јавна личност.

Ако паднел жив во нивни раце, рускиот пилот чиј авион беше соборен вчера, неговата судбина би била многу потрагична од што е.


Слично

Поврзани вести