Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Убиецот од Берлин пее пред нападот?

(ВИДЕО) Убиецот од Берлин пее пред нападот?

Два дена по терористичкиот напад во Берлин, германските медиуми наишле на снимка од осомничениот напаѓач Анис Амри (24) од Тунис. 

Снимката е објавена во септември, а на неа се гледа како весело момче, за кое се претпоставува дека е Анис, пее песна и шета по берлинскиот округ Фририхшајн-Кројцбург. Овој округ е познат по барови и ноќни клубови.

Амри е осомничен за напад во кој прегази  12 лица, а повреди десетици.  Полицијата ги нашла неговите документи во камионот кој удри луѓе на божиќниот базар. Подоцна е соопштено дека се пронајдени и негови отпечатоци од прстите на вратата на камионот.

Пред да појде во Германија, Амри издржувал четиригодишна затворска казна во Италија заради подметнување пожар. Од затворот е пуштен бидејќи не било возможно да се депортира во татковината, пренесоа италијанските медиуми.

По овој напад безбедноста во Германија е разнишана. 



Слично

Поврзани вести