(ВИДЕО) УАПСЕН НАЈГОЛЕМИОТ ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШ И ЦЕЛА ЕКИПА: Ѕирнете во каква палата живееле
Италијанската полиција уапсила 31 член на Касамоника мафијата во голема акција ширум земјата.
Во акцијата на апсењето на еден од најозлогласените мафијаши во Италија, Џузепе Касамоника учествувале повеќе од 250 полицајци.
Покрај него, како што пренесе „The Sun“, уапсени се голем број членови на неговото семејство.
Мафијашите кои се уапсени ширум Рим и јужна Италија, се гонат за трговија со дрога и изнудување пари.
Куќата на Џузепе била главно собиралиште на „неговите опасни луѓе“, а при претресот на куќата, пронајдени се 50 000 евра во готовина, бројни банкарски сметки, луксузни часовници и автомобили, пренесоа италијанските медиуми.
Во текот на оваа акција е уапсен и познатиот боксер Доменико Спада.
Foto: EPA
Слично
