Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Уапсен е Доналд Трамп

(ВИДЕО) Уапсен е Доналд Трамп

Екс американскиот претседател Доналд Трамп е уапсен. Тој пристигна во Обвинителството и Судот во Њујорк, по што е уапсен пред денешниот историски почеток на неговото судење под обвинение за прикривање исплата на пари на порноѕвезда.

Тој попладнево им се предаде на властите во Менхетн, откако големата порота минатиот четврток гласаше тој да биде обвинет. Обвинението сè уште е запечатено, но, наводно, вклучува над 30 дела за кои се верува дека се фокусираат на наводите дека поранешниот претседател фалсификувал деловни документи во текот на организирањето исплата на пари на порноѕвездата Сторми Даниелс.

Поранешниот претседател (2017-2021), кој има намера да се врати во Белата куќа во 2024 година, влезе во судницата, каде што ќе му бидат земени отпечатоци од прстите, а потоа ќе му биде прочитано обвинението и тој ќе се изјасни дали е виновен или не. Се очекува eкс претседателот да се изјасни како невин.

Пред судот се собраа и поддржувачи и противници на поранешниот претседател, а меѓу двете групи, кои разменуваа навреди, застанаа и припадници на њујоршката полиција.  Трамп претходно самиот изјави дека ќе го уапсат.


Слично

Поврзани вести