(ВИДЕО) ТУРИСТИТЕ БЕА ЗАПРЕПАСТЕНИ: Човек се качуваше на Ајфеловата кула пред затворањето на Олимписките игри
Пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во центарот на Париз се случувала вистинска драма.
Еден маж без кошула, подоцна идентификуван како Британец и, според француските медиуми, професионален алпинист, решил да се искачи на Ајфеловата кула висока 300 метри. Но, тој немал никаква опрема.
Се движел кон вториот кат од кулата, но тука го запрела полицијата. Тој е приведен поради загрозување на својот живот и на граѓаните. Глетката, пишува британски Телеграф, ги запрепастила туристите. Дел од Французите во коментари пишуваат дека треба да му се забрани на тој човек веќе да влегува во Франција. 33-те Олимписки игри се одржаа во француската престолнина.
Слично
