Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Турско село по земјотресот е пресечено на два дела

(ВИДЕО) Турско село по земјотресот е пресечено на два дела

Земјотресот преполовил село во Турција. Тоа се наоѓа во округот Доганшехир во Малатија и е буквално пресечено на два дела. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метри, а куќите на север останале недопрени. Медиумите објавија дека пукнатината е долга 16 километри.

Повеќе од 105.000 луѓе се повредени, а повеќе од 13.000 уште се во болници, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На 6 февруари имаше силни земјотреси, но и вчера. Во Турција загинаа над 41.000 луѓе. Власта ќе бара одговорност од инвеститорите кои граделе. Дел од нив се обидоа и да избегаат од Турција, но беа спречени. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести