(ВИДЕО) Турски тенкови и оклопни возила влегле во ирачката провинција Нинава
Влегувањето на турските војници на територијата на Ирак е прекршување на меѓународното право. Ова го изјавил претседателот на земјата Фуад Масум, цитиран од телевизискиот канал „Аl Sumaria“. Тој ги повикал турските војници да ја напуштат територијата на Ирак и предупредил на слични инциденти да не се повторуваат во иднина.
Претходно медиумите објавија дека турските власти испратиле 130 воени - инструктори, во област во близина на градот Мосул за обука на ирачките курдски борци.
Од прес-центарот на ирачкиот премиер Хајдер ал Абад ја пренесоа пораката од која е јасно дека турските воени лица влегле на територијата на провинцијата Нинава со тенкови и оклопни возила.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8yuSO3xHHZ8[/embed]
Слично
