Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТУРСКИ ПРАТЕНИК ПОРАЧА ДЕКА ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ГО ИЗБЕГНЕ ГНЕВОТ НА АЛАХ: Потоа доби срцев удар и заврши во болница

(ВИДЕО) ТУРСКИ ПРАТЕНИК ПОРАЧА ДЕКА ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ГО ИЗБЕГНЕ ГНЕВОТ НА АЛАХ: Потоа доби срцев удар и заврши во болница

Турскиот пратеник Хасан Битмез кој има 53 години доби срцев удар неколку моменти откако изјави дека Израел „нема да избега од гневот на Алах“.

Тој е од конзервативната партија „Фелисити“ и одржа говор на Генералното собрание на турскиот парламент, завршувајќи го со тоа што кажа дека „можеби можеме да се скриеме од нашата совест, но не и од историјата“.

 „Вие нема да го избегнете гневот на Алах. Ве поздравувам сите“, му порача на Израел пред да падне на подот.

Како што кажа турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, Битмез е хоспитализиран и неговата состојба е „екстремно критична и сериозна“. Ердоган минатата недела го повтори своето верување дека Хамас не е терористичка група и кажа дека мора да има удел во обновата на Газа по војната. 

Турскиот претседател го предупреди Израел дека „ќе плати многу висока цена“ доколку се обиде да ги елиминира членовите на Хамас во Турција, неколку дена откако беа откриени снимките на шефот на безбедносната агенција Шин Бет дека Ерусалим е решен да ги убие водачите на групата „на секоја локација“ низ светот, вклучително и „во Либан, Турција, Катар“.

На почетокот на ноември, Турција го отповика својот амбасадор во Израел на консултации поради војната во Газа, иако рече дека не ги прекинува целосно дипломатските односи. Двете држави ги обновија целосните дипломатски врски дури во август 2022 година по долгогодишно влошување на односите.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Палестинската терористичка група бара формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

Медиумите јавуваат дека Палестинците во заседа убиле најмалку девет израелски војници. 


Слично

Поврзани вести