Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Турски авион ја промашил пистата

(ВИДЕО) Турски авион ја промашил пистата

Авион на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ за маку ќе се урнал на аеродромот во Катманду, блиску до Непал, а слетувањето на патниците не им било ни најмалку пријатно.

„Ербас А330“ се излизгал по пистата која била многу лизгава по дводневните врнежи на дожд и магла после што летот завршил во полињата поред пистата.

Сепак, според извештајот на контролата за летање, авионот на турската компанија ја промашил централната писта за слетување, пробал да се врати на централната точка, но сепак слетал меѓу аеродромот и пистата за полетување и подготовка.

Предниот дел од авионот е многу оштетен, а леталото останало заглавено по самиот пад.

Засега нема пријавено никакви озбилни повреди, а во авионот во тој момент на несреќа имало 238 патника.

Официјалните лица велат дека лошите временски услови и слабата видливост биле причините за несреќата, меѓутоа, не наведуваат во каква состојба била пистата и дали воопшто било можно безбедно слетување.

Слично

Поврзани вести