Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Туристка прекрши забрана, се качи на пирамида и доби ќотек

(ВИДЕО) Туристка прекрши забрана, се качи на пирамида и доби ќотек

Туристка ја игнорираше забраната и се качи на пирамида во Мексико, по што група луѓе ја нападнале.

Луѓето ја исвиркаа и ја повикаа да се врати, но туристката не застана и почна да позира и да танцува на врвот на пирамидата, пишува LadBible. Порталот Меркопрес пишува дека некои извикувале „затвор, затвор“. Присутните ја опколиле, почнале да прскаат вода, да ја навредуваат, а да ја удираат. Националниот институт за антропологија и историја го забрани искачувањето на пирамидата за да ја зачува за идните генерации. Предвидена е парична казна од 2.558 до 5.115 долари, во зависност од штетата предизвикана на пирамидата. Castillo de Kukulcan е пирамида изградена за време на ерата на Маите некаде помеѓу 8-ми и 12-ти век од нашата ера. Во многу туристички места има различни забрани и доколку не се почитуваат следат парични казни. Целта е природните реткости да се сочуваат за во иднина. 


Слично

Поврзани вести