(ВИДЕО) ТУРИСТИТЕ БЕГААТ ОД ЧАД И ПЕПЕЛ: Вулканот Етна еруптираше
Вулканот Етна на Сицилија утрово еруптираше, а туристите бегаа во паника.
Тоа е најактивниот вулкан во Европа. Туристите бегаа од пепелот и чадот. Инаку, чадот можеше да се види од километри.
Само неколку часа пред ерупцијата, регистриран е силен подземен потрес. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 2,8 километри под кратерот.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави дека ерупцијата станувала сè поинтензивна, со речиси континуирани експлозии од стромболиски тип. Центарот за следење на вулканската пепел во Тулуз издаде црвена тревога за воздушниот сообраќај, наведувајќи дека облак составен главно од водена пареа и сулфур диоксид се движи кон југозапад.
Слично
