Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТУРЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Очекуваат „мегаземјотрес“, нешто за што имало предупредување од експерти

(ВИДЕО) ТУРЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Очекуваат „мегаземјотрес“, нешто за што имало предупредување од експерти

Серија силни земјотреси денеска ја погодија Турција, а граѓаните очекуваат уште посилен потрес. 

„Многу луѓе кои живеат во Истанбул знаат дека се очекува „мегаземјотрес“. Луѓето се прашуваат дали ова е вовед“, вели загрижен жител на Истанбул.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција на 6 февруари 2023 година, a експертите посочија дека е можно слично сценарио да се случи и во Истанбул.

Сеизмологот проф. Д-р Начи Горур пред две години за медиумите изјави дека не е исклучено овој милионски град да се соочи со разорен земјотрес.

„Некои научни истражувања покажуваат дека „времето за Истанбул се наближува“. Едно од студиите вели дека Истанбул ќе биде погоден од силен земјотрес за 30 години, а сега веќе поминаа 23“, изјави Горур во 2023 година.

Професорот тогаш рече дека експертите очекуваат потрес со јачина од 7.5 степени. 

Во серијата потреси денеска има над 150 повредени затоа што луѓето скокале од височина плашејќи се дека ќе настрадаат. 


Слично

Поврзани вести