Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТУРЦИЈА ГИ НАПАЃА КУРДИТЕ: Жесток одговор за нападот во Анкара

(ВИДЕО) ТУРЦИЈА ГИ НАПАЃА КУРДИТЕ: Жесток одговор за нападот во Анкара

Tурција жестоко ги напаѓа Курдите. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува со одмаздата за нападот во Анкара, при што се уништени 120 цели. 

Турските разузнавачи уништија 120 курдски цели на ПКК/ЈПГ по терористичкиот напад во Анкара. Операциите следеа по терористичкиот напад на ПКК во средата врз објект на одбранбената авијација во Анкара, при што загинаа 5 луѓе, а 22 се повредени.


Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) погодила 120 цели на терористичката група ПКК/ЈПГ, соопштија безбедносни извори.

Операциите на МИТ ќе продолжат непречено додека не се постигнат планираните цели против терористичката група.


Во соопштението на военото крило на ПКК се наведува дека нападот врз просториите на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС го извршиле двајца припадници на таканаречениот „Бесмртниот Баталјон “ како одговор на турските „масакри“ и други операции во курдските региони, пренесува АП.

Турција претходно ја обвини ПКК за нападот и веднаш започна серија воздушни напади врз локации и објекти за кои постои сомневање дека ги користи милитантната група во северен Ирак или северна Сирија.

Како што пишува турската новинска агенција Анадолу, во својата 40-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

Слично

Поврзани вести