Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТУНЕЛ НА СМРТТА ПО КОЈ ОДАТ ЏИХАДИСТИТЕ: Курдиските борци ги пронајдоа патеките на „Исламска држава“

(ВИДЕО) ТУНЕЛ НА СМРТТА ПО КОЈ ОДАТ ЏИХАДИСТИТЕ: Курдиските борци ги пронајдоа патеките на „Исламска држава“

На Јутјуб се појави видео на кое се прикажуваат подземните тунели на „Исламска држава“, а ги објавува телевизијата „Скај Њуз“. Курдите ги откриле овие тунели бидејќи неодамна го зазедоа Синджар, а останале импресионирани од мрежата која ја изградиле екстремистите.

„Толку многу тунели имаше не ни можевме да ги изброиме. Оваа им овозможува да одат од продавниците на улиците до местата каде ги прават бомбите“, изјавил курдискиот воен командант Хусеин Кхуру Мурад.

Екстремистите ја осмислиле сеопфатната мрежа на тунели за да можат борците да избегнат излегување на виделина.

Во куќите пробиле дупки во ѕидовите за да можат да се движат помеѓу зградите, без да можат оние од надвор да ги следат, изјавил командантот Мурад.

Помошникот на Мурад, Рад Ахмед Али, кој ги водел курдите низ тунелот изјавил како еден тунел посебно го импресионирал.

Внатре во него, терористите изградиле бетонско засолниште под куќите, и таму можеле да се сокријат кога во таа територија имало воздушни напади. Темелите на куќата над засолништето попуштиле по воздушните напади. Но засолништето останало недопрено.

Друг тунел кој е поврзан со други куќи имал сопствен сребрен систем за вентилација. Тој водел до борбените позиции. Тие биле користени неодамна со оглед на тоа дека Курдите пронашле чисти алишта како се сушат и кафе на шпорет кое чекало да биде послужено.

Една соба била цела избоена со графити на „Исламска држава“, а подот бил цел исполнет со стотина користени шишиња за вода, од кои некои биле исполнети со урина. Доказ е тоа е дека борците на ИСИС во тие затворени простории се задржувале што е можно повеќе.

 
Слично

Поврзани вести