(ВИДЕО) ЦРНОГОРЦИТЕ НЕ САКААТ ВО НАТО: 2 000 демонстранти скандираат за Путин
Демонстрантите кои вчеравечер протестираа во Подгорица, сметаат дека Црна Гора не треба да влезе во НАТО и дека таа одлука треба да се донеси на референдум.
Опозициониот Демократски фронт, на кој му се придружи и дел од невладиниот сектор, ги организираше вчерашните протести против влезот на Црна Гора во НАТО.
Скоро 2 000 демонстранти на улиците во Подгорица носеа транспаренти „НАТО убијци!”, а истовремено и скандираа на Русија и претседателот Владимир Путин.
На присутните им се обрати и поранешниот претседател Момир Булатовиќ кој ги потсети дека во бомбардирањето од НАТО во 1999 година животот го загубиле 1 500 припадници на војската на Југославија и најмалку 500 цивили.
„ Со што ние го заслуживме смртоносниот напад, што тие ни го направија? Ние не направивме никаков злочин за да не бомбардираат. На рацете на НАТО има крв од невини луѓе” – порача Буталович.
Инаку, Црна Гора во почетотот на декември доби покана за влез во Северноатланската Алијанса.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4VBbzoYbm7c[/embed]