Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Црн баланс во Непал: Засега 4400 мртви, би можеле да бидат 10.000!

(ВИДЕО) Црн баланс во Непал: Засега 4400 мртви, би можеле да бидат 10.000!

Околу осум милиони луѓе се погодени од разорниот земјотрес во Непал, во кој загинале најмалку 4400, соопштија денес од ОН, додека влстите во непал проценуваат дека бројот на загинати би можел да се искачи до 10 илјади.

nepal-zemljotres-centar-foto-reuters-1430206119-649837

За повеќе од 1,4 милиони луѓе е потребна храна, а итно се потребни и вода и засолниште, се наведува во соопштението на ОН.

Премиерот на Непак Сишли Корирала рекол за Ројтерс дека бројот на мртвите може да достигне до 10 илјади. Тој наредил да се зголемат напорите за спасување и побарал нови залихи на шатори и лекови.

„Владата прави се што може да ги спасат луѓето и да им ја олесни ситуацијата, но тоа е голем предизвик и многу тешко време за Непал“, вели тој.

nepal-zemljotres-humanitarna-pomoc-foto-ap-1430206083-649835

Војниците денес припремале храна, вода и други итни залихи кои ќе бидат качени на хеликоптери во малиот град Горка, откаде ќе бидат упатени во најизлоираната и од земјотрес уништена област на Непал. Во селските подрачја, се погодени 90 одсто од жителите, кои ги изгубило своите домови и стока и немаат начин сега да се прехранат вели претставник од округот Сирија Мохан.

Многу е тешко да се дојде до нив, планинските патишта се пресечени, а ветерот и дождот го отежнуваат слетувањето на хеликоптерот. Непал се соочи со хуманитарна криза од 10 000 бездомниви, кои живеат без вода за пиење и канализација. Помош пристига и од странство, но со тешкотии поради гужви на малиот аеродром во Катмандум. Така четири индиски авиони со спасувачи и помош биле приморани да се вратат во Њу Делхи.

nepal-zemljotres-zrtve-foto-ap-1430206049-649833

ОН соопштиле дека од својот фонд ќе обезбедат 15 милиони долари за итна помош на жртвите во Непал. Средствата ќе им овозможат на меѓународните хуманитарни групи да ги прошират своите операции и да им пружат засолниште, вода , санитариски материјал и логистички услуги, на погодените луше, вели портпаролот на ОН Франк Хак.

Слично

Поврзани вести