Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ГОРИЛАТА: Дали Харамбе мораше да умре?

(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ГОРИЛАТА: Дали Харамбе мораше да умре?

Убиството на горила во зоолошката градина во Синсинати (Америка) откако четиригодишно момче паднал во нивното престојувалиште предизвика бурна реакција на социјалните мрежи.

Многумина неведуваат дека Харамбе не морал да умре, бидејќи немал намера да го повреди момчето. Освен тоа, е користен и хаштаг #JusticeForHarambe.

Други истакнуваат дека родителите на момчето требало да бидат одгворни бидејќи не се грижеле за своето дете па поради нив се случил инцидентот, пишува БиБиСи.

„Многу е тажно што загрозеното животно морало да умре поради негрижливите родители“ гласи еден од коментарите.

Од зоолошката градина велат дека го убиле горилото откако го зграбил и влечел момчето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UBeVfQtSD2k[/embed]

Како што наведуваат, превземале нешто против горила од 180 килограми кога ситуацијата станала опасна по живот.

„Зошто зоолошките градини немаат средства за смирување кои веднаш ќе дејствуваат? Прво тие два лавови, сега ова“, наведува  друг коментар.

Тука се зборува за инцидент од минатата недела во Чиле кога маж целосно гол влегол во кавез со лавови со цел да се убие, а убиени се двата лавови како тој би бил спасен.

Исто така повеќе од 60 000 луѓе потпишале петиција со која се повикуваат родителите на децата да „бидат одговорни за недостатокот на контрола и поради негрижа кои довеле до тоа Харамбе да го изгуби животот“.

Момчето во заградениот простор на горилата паднал од околу три метри, а објавено е и видео на кое се гледа како огромниот мајмун го влече низ своето место. Горилата тогаш застанала со детето под себе и го гледала.

На снимката мајмунот во ниту еден момент не направил ништо што би го повредило детето. Како што се наведува, с етраело околу десетина минути. Момченцето е одведено во локална болница откаде набрзо е пратено дома.

„Имавме тежок избор и направивме вистинска работа, му го спасивме животот на тоа дете. Можеше да биде многу страшно“, вели директорот на зоолошката градина Тејн Мајнрад.

Слично

Поврзани вести