Видео: Трудо испадна поголем фраер - не падна на мачо финтите на Трамп
Канадскиот премиер Џастин Трудо ги освои социјалните мрежи со двете реакции при поздравувањето со грубиот Доналд Трамп кој претходно практично му ја откорна раката на јапонскиот премиер Шинзо Абе.
При доаѓањето во Белата куќа очигледно Трудо беше подготвен за мачо финтите на Трамп и прв му го зграби рамото за потоа цврсто да му ја стегне раката при поздравувањето што го остави американскиот претседател без простор за маневри.

Потоа на почетокот на состанокот во Белата куќа се истакна уште една интересна реакција на Трудо кога Трамп му понуди да се ракуваат.
Можеби ќе помислите дека станува збор за тривијалности, но самото поздравување укажува на потреба од доминација и наметнување на психолошка предност во тоа кој е посилен политичар што сега на Трамп воопшто не му успеа.

Инаку американските медиуми апсолутно го обожаваат шармантниот канаѓанец, па дури ја забележаа и Иванка Трамп како го гледа со воодушевување додека тој говори.
