(ВИДЕО) Три лица биле напаѓачи во музејот во Тунис
Третиот напаѓач е сеуште „на слобода“ по нападот врз националниот музеј „Бардо“ во Тунис, во кој загинаа 25 лица. Ова го изјави претседателот на земјата Бежи Каит Есебси во телевизиско интервју, пренесе Би-Би-Си.
„Дефинитивно имало тројца напаѓачи ... има еден, кој се уште е на слобода, тој нема да стигне далеку“, истакнал претседателот.
Над 20 осомничени се уапсени во врска со нападот, но досега се сметаше дека само двајца учествувале во него.
Информациите за трето вмешано лице се дознаа објавувањето на видео од безбедносните камери во музејот.
Јасно е дека имало трет човек, бидејќи тие се „идентификувани и се снимени од безбедносни камери“, рече шефот на државата пред француските медиуми.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=0CcMxTzTkQ4[/embed]Се смета дека извршителите на атентатот биле обучувани во Либија и поконкретно на територии, контролирани од џихадисти од „Исламска држава“.
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.
Меѓу загинатите има 20 странски туристи, и тоа од Велика Британија, Јапонија, Франција, Италија и Колумбија.
