Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Тројца луѓе цели 33 дена поминаа на пуст остров по што се спасени

(ВИДЕО) Тројца луѓе цели 33 дена поминаа на пуст остров по што се спасени

Кубанци преживеале на пуст остров 33 дена, така што јаделе кокоси, полжави и стаорци. Нивниот брод се превртел при бура пред околу пет недели и тие успеале да допливаат до пустиот остров. Двајцата мажи и жената, наводно, немале сериозни повреди, но сепак биле пренесени во болница на лекарски преглед.

Членовите на крајбрежната стража на САД за време на рутинска патрола во понеделникот забележале двајца мажи и жена како мавтаат со импровизирани знамиња на островот Ангуила Кеј, дел од синџирот острови меѓу островската група Флорида Кис и Куба. Во понеделникот им доставиле радио, храна и вода, а потоа во вторникот ги спасиле од островот. Вакво нешто ретко се случува. 

Изминативе години медиумите објавуваа приказни за човек кој го напуштил луксузот и се преселил на пуст остров, каде престојува над 20 години.


Слично

Поврзани вести