(ВИДЕО) Три лица меѓу кои и едно дете загинаа во невреме на Корзика
Невреме направи пустош на Корзика и однесе жртви.
Тројца луѓе од кои едно дете, загинаа, а најмалку 12 се повредени денеска откако силно невреме го погоди францускиот остров Корзика. Загина 13-годишно девојче кога врз неа падна дрво во камп, како и 72-годишна жена во нејзиниот автомобил кога врз неа се урна покрив од колиба. Локалните власти објавија дека 45.000 домаќинства се без струја. Град, дожд и ветрови со брзина од над 220 километри на час ја погодија Корзика, објави Ројтерс.
Слично
