(ВИДЕО) ТРГНУВА ПРОТИВ ИСЛАМСКА ДРЖАВА: Најголемата руска подморница пристигна во Средоземното море!
„Rostov-on-Don“ , подморница од класата Кило опремена со крстаречки ракети, влегла во источниот дел на Средоземното море во близина на сирискиот брег.
Таа носи крстаречки ракети „kalibr“ , слични на оние кои ги користат руските воени бродови на Карпсиските флотили во нападот на цели на теростистите на ИСИЛ.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/674145246922596354?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Уште во средината на ноември се појавија информации дека оваа подморница ќе учествува во нападот на Рака, град во Сирија кој џихадистите го избрале за свој центар, но Министерството за одбрана на Русија тоа не го потврди ниту демнтира, потсетува Интерфакс.
Руските сили веќе напаѓаат мети на ИСИЛ со ракети „kalibr“ но ги лансираат од воени бродови. Еве и снимка:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vPu_RL7Ncao[/embed]Позната како „унапредено кило“, според шифрирано име на НАТО, "Rostov-on-Don" (B-237) е прв модел од третата генерација подморници од класата „варшавјанка“ (проект 636). Оваа „невидлива“ подморница на дизел и електричен погон се смета за најтивка на светот, поседува продолжен борбен домет, а релативно малата големина и помага да се движи во плитки води. Вооружана е со торпеда од 55 милиметри и крстаречки ракети вода-земја „kalibr-PL“ кои се прилагодени на потребите на подморницата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hTrg2nhh0-E[/embed]„Rostov na Don“ е тешка 4000 тони, под вода псотигнува брзина од 37 км/ч и е оперативна на длабочина од 300 метри. Во НАТО ја викаат „црна дупка“ бидејќу радарите воопшто не ја фаќаат, па непречено поминува каде сака.
