Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трет ден „гори“ во Иран

(ВИДЕО) Трет ден „гори“ во Иран

Протестите против Владата во Иран продолжија низ целата земја трет ден по ред. 

Судири со полицијата имаше во неколку градови.

Демонстрантите на Универзитетот во Техеран бараат оставка од врховниот лидер, ајатолахот Али Хаманеи. 

Демонстрантите ги игнорираа предупредувањата на министерот за внатрешни работи „граѓаните да избегнуваат нелегални собири“.

Странски новински агенции објавија дека иранските безбедносни сили раниле најмалку две лица во градот Доруд, повикувајќи се на снимки поставени на социјалните мрежи.

Според британските агенции, немирите во земјата се поради незадоволството од зголемувањето на цените и наводната корупција, како и загриженоста за вклучувањето на Иран во регионалните конфликти, како што се оние во Сирија и Ирак.


Слично

Поврзани вести