Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП ШОКИРА: Поднесувам оставка во овој момент!

(ВИДЕО) ТРАМП ШОКИРА: Поднесувам оставка во овој момент!

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека дава оставка на стотина позиции во своите компании, покажува документ на организацијата на Трамп.

Во документот кој содржи 19 страници пишува „Јас, Доналд Трамп, со ова давам оставка на секоја позиција која ја држам“, и понатаму се наведени повеќе од 400 негови фирми.

Писмото го потпишал Трамп, а на него се наоѓа датум 19 јануари, ден пред да даде заклетва на претседателското место на САД.


Шон Спајсер, портпаролот на Белата куќа им рекол на новинарите во понеделникот дека двајцата постари синови на Трамп целосно ги контролираат неговите компании.

Трамп на конференцијата за новинари на 11 јануари вети дека ќе го пренесе управувањето со бизнисот на фондот кој го водат неговите синови Доналд Џуниор и Ерик Трамп.


Алан Гартен, адвокатот на организацијата на Трамп рекол дека таа организација вработила и советници кои ќе се занимаваат со прашања од етика и правна регулатива.

Независни експерти и за етика и владата сепак не се задоволни бидејќи сметаат дека Трамп требало да им ја предаде управата на независни менаџери, кои ќе ги контролираат бизнисите без негово знаење.

„Јасно е дека со ова не се решава конфлик на интереси“, вели Лари Нобл од организацијата „Campaign legal center“.

Тој вели дека писмото не покажува дали Трамп ќе има ограничена комуникација со компаниите ниту дали тој ќе може да ги советува. Исто така вели дека со ова не се решава ниту проблемот на примање пари од странски влади.

Чарли Даглас, експерт за приватни фондови вели дека е неопходно организацијата на Трамп да каже кое точно место кој го зазема на која позиција.

„Тој не може да даде оставка, но тоа не ни ја говори целата приказна за тоа што се случува со компаниите“, рекол тој за СиЕнЕн.

Слично

Поврзани вести