Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

Во Белата куќа во Вашингтон, вчера американскиот претседател Доналд Трамп се скара со новинарката на „ABC News“, Рејчел Скот, поради тензиите меѓу Венецуела и САД, објавува британски „Mirror“.

Расправијата избувна откако таа праша дали ќе објави снимки од воена операција против брод за кој се тврди дека шверцува дрога, кој ѝ припаѓал на Венецуела.

Таа го праша американскиот претседател дали ќе му наложи на министерот за одбрана да објави снимки од целиот напад. На Трамп не му се допадна прашањето и реагираше бурно.

„Никогаш не го кажав тоа. Ти го кажа тоа, не го кажав тоа. Ова се лажни вести на „ABC“,  рече Трамп.

Новинарката продолжи да инсистира да добие одговор на нејзиното прашање. Потоа тој го повиши гласот.

„Ти си најнапорна новинарка во просторијата. Ти си напорна, ти си ужасен новинар“,  објасни Трамп.

Инаку, американскиот претседател претходно навреди новинарка нарекувајќи ја „свиња“, а потоа праша новинарка дали е глупава.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести