Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАР: Вие сте лажен човек

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАР: Вие сте лажен човек

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се скара со новинар. 

Тој се впушти во кавга со новинар на „Њујорк тајмс“ за време на разговор со медиумите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Трамп се налути откако доби прашање за американската воена кампања против Иран.

Инцидентот се случил кога новинарот Дејвид Сангер констатирал дека 38-дневното бомбардирање на Иран, кое го спроведоа САД и Израел, не довело до промена на режимот во Техеран. Трамп веднаш реагираше со остри напади кон новинарот и медиумот. 

„Остваривме целосна воена победа. Но, лажните медиуми, луѓе како вас, не пишуваат точно. Вие сте лажен човек. Имавме целосна воена победа“, му рече Трамп на Сангер.

Американскиот претседател потоа го нападна известувањето на „Њујорк тајмс“ и Си-ен-ен, кои ги нарече „најлоши“, а Сангер го обвини и за предавство.

Инаку, Трамп во минатото навреди новинарка, ја нарече свиња. Тој знаеше да искоментира дека некој  новинар е глупава личност или дека му поставуваат глупави прашања. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести