Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП ПРОТИВ ЏИХАДИСТИТЕ: Ги ограничува визите за 7 муслимански земји со силен екстремизам

(ВИДЕО) ТРАМП ПРОТИВ ЏИХАДИСТИТЕ: Ги ограничува визите за 7 муслимански земји со силен екстремизам

Претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека неговиот план да се ограничи влезот на луѓе од 7 муслимански земји е неопходен бидејќи светот е во целосен хаос.

Се работи за Сирија, Иран, Ирак, Либија, Јемен, Судан и Сомалија, а Трамп за ЕјБиСи њуз објаснил дека не се работи за „прогон на муслимани“.


„Тоа не е прогон за муслимани, туку муслимански земји во кои се случува страшен терор“, објаснил тој. Според неговите зборови, САД има веќе доволно проблеми и без доаѓањето на луѓе кои сакаат страшни разорувања. 


Трамп одби да наведе на кои земји мисли, но рекол дека верува оти Европа направила огромна грешка што им дозволила на милиони од тие луѓе да дојдат во Германија и други земји.


„Се што треба да направите е да погледнете, тоа е катастрофа која се случува таму“, додал Трамп.

Американскиот претседател на прашањето дали е загрижен дека неговиот план ќе ги разлути муслиманите ширум светот, одговорил дека веќе има доволно бес во светот.

„Што, мислите дека ова ќе предизвика уште малку бес? Светот е бесно место. Се што се случило. Одевме во Ирак, а не требаше. Не требаше да се извлечеме како што го направивме . Светот е во целосен хаос“, рекол тој.

Слично

Поврзани вести