Видео: Трамп оствари прва средба со светски лидер - 100% поддршка за НАТО
Новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа ја пречека британската премиерка Тереса Меј со која одржаа заедничка средба. Меј посочи дека од Трамп добила уверение за 100% поддршка на НАТО.
Трамп исто така посочи дека Брегзит не е товар за Велика Британија туку одлична можност државата сама да го гради својот национален идентите и да креира подобри трговски договори во нивни интерес без да биде надгледувана.
Тереса Меј исто така му врачила и покана на Трамп од кралицата Елизабета Втора за официјална посета на Велика Британија со цел да се потврди нивното традиционално сојузништво, а има и голема надеж за подобрување на трговската соработка.
Трамп беше запрашан дали ќе ги укине санкциите против Русија, на што тој одговори дека сеуште е рано да се говори и дека ќе следи опсежна анализа. Меј, пак остана на ставот дека дава целосна поддршка на санкциите кои ги наметна Европската Унија.
