Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп навреди новинарка, ја нарече „свиња“

(ВИДЕО) Трамп навреди новинарка, ја нарече „свиња“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, ја револтираше јавноста со крајно недолично однесување и навреди кон новинарка.

Toj во директен пренос ја нарекол новинарката „свиња“ и и рекол да замолчи. Таа го прашала за неговата поврзаност со е-поштите на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн.

Настанот се случил неколку дена пред Трамп да ја промени својата позиција за објавата на т.н. Епстајнови досиеја, јави Би-Би-Си.

Трамп потоа под притисок на јавноста ги повика конгресмените да гласаат за јавно објавување на документите.

Инаку за документите за Епстајн, во кои има преписки и листи на влијателни лица, веќе се говори дека името на Трамп се споменува во електронска преписка. 


Слично

Поврзани вести