Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп навреди новинарка: Дали сте глупа личност?

(ВИДЕО) Трамп навреди новинарка:  Дали сте глупа личност?

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии со лош однос кон новинарите. Тој на прес-конференција по повод Денот на благодарноста ја нарече новинарката на CBS, Ненси Кордес, „глупава личност“. Таа го праша за вооружената пресметка во близина на Белата куќа, во која загина припадничка на Националната гарда, а друг војник беше тешко повреден. 

Кордес го праша Трамп зошто ја обвинува администрацијата на својот претходник Џо Бајден за нападот, кога осомничениот – авганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – според внатрешните извештаи поминал безбедносни проверки и не покажувал ризични елементи. 

„Затоа што го пуштија внатре, дали сте глупи? Дали сте глупа личност? Доаѓале со илјадници други кои не треба да бидат тука“, кажа Трамп. 

Инаку, претходно американскиот претседател навреди новинарка и ја нарече „свињче“.

foto EPA/WILL OLIVER / POOL POOL


Слично

Поврзани вести