Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп направи гаф, кажа дека од Иран до Катар се стигнува пешки

(ВИДЕО) Трамп направи гаф, кажа дека од Иран до Катар се стигнува пешки

Американскиот претседател Доналд Трамп направио гаф. 

Тој ја повтори својата географска грешка за време на разговорите на самитот на Г7 во Франција, во присуство на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

„Иран е физички најблиску до вас, до Катар. Забележав дека другите земји мораа да патуваат околу 45 минути за да стигнат таму. Можете само да пешачите преку границата, што ве става во поопасна позиција“, рече Трамп.

Всушност, Катар и Иран се одделени од Персискиот Залив, а растојанието меѓу нив е околу 190 километри. Ова не е првпат Трамп да изнесе такво тврдење. 

Во октомври, тој им рече на новинарите во претседателскиот авион:

„Буквално, преминувате од Иран во Катар. Можете да го преминете за секунда. Велите „бум бум“ и веќе сте во Катар, тоа е тешка област“, ​​што предизвика многу потсмев.

Ова не е првпат американскиот претседател да го покаже своето непознавање на географијата.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести