Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Трамп нападнат со руски знамиња

Видео: Трамп нападнат со руски знамиња

Американскиот претседател Доналд Трамп упатувајќи се кон Капитол Хил на состанок со конгресмените за даночните реформи беше нападнат од демонстрант кој кон него фрли руски знамиња.

Демонстрантот е идентификуван како Рајан Клејтон кој во Капитол Хил лажно се претставил дека е новинар. Тој кон Трамп извикуваше дека е предавник и им посочи на медиумите дека треба да се фокусираат на неговата поврзаност со Русија по што беше приведен од обезбедувањето.

Клејтон е предводник на либералната група „Американци превземаат акција“. Се чека на Белата куќа да соопшти дали против него ќе бидат покренати обвиненија.


Слично

Поврзани вести