Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп: Најголемиот мост во Иран се урива и никогаш повеќе нема да се користи

(ВИДЕО) Трамп: Најголемиот мост во Иран се урива и никогаш повеќе нема да се користи

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social видео за кое тврди дека го прикажува уривањето на „најголемиот мост во Иран“ во напад и повтори дека е време Иран да постигне договор „пред да биде предоцна“.

„Најголемиот мост во Иран се урива и никогаш повеќе нема да се користи. Има уште многу што треба да се случат!“, напиша Трамп во објавата.

Вели дека ако не склучат договор, нема да остане ништо од она што сепак беше голема држава. 

Патниот мост што го поврзува Техеран со западниот град Караџа кае погоден порано денеска во неколку воздушни напади, објави агенцијата Фарс.

Повеќе од еден месец Израел и САД вршат напади на Иран. Во нападите на почетокот загина и ајатолахот Али Хамнеи. САД и Израел бараат Иран да се откаже од идејата да поседува нуклеарно оружје. 

foto printskrin



Слично

Поврзани вести