Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ СЕ СКАРАА: Украинците ја напуштија Белата куќа

(ВИДЕО) ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ СЕ СКАРАА: Украинците ја напуштија Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп повеќе нема да одржуваат заедничка прес-конференција во петок, потврди претставник на Белата куќа.

Украинците се пред напуштање на Белата куќа.

Со повишени гласови Трамп и Зеленски, заедно со потпретседателот Џеј-Ди Венс, разменија жестоки забелешки за природата на американската поддршка и за тоа дали Зеленски покажал доволно благодарност.

„Твојата земја е во голема неволја“, му рече Трамп на Зеленски во караницата во Овалната соба.

Траму му рече на Зеленски дека многу зборува. 

„Нема да победите во ова. Имате проклето добри шанси од ова да излезете океј поради нас“, вели Трамп. 

Зеленски рече дека сака договор за прекин на огнот со „гаранции“.

Тој му рече на Трамп да го праша украинскиот народ какви му се чувствата кон договорот за прекин на огнот.

foto EPA


Слично

Поврзани вести